Дописници МКДОпштински вести

Во Уланци крстот го фати Даниел Илиќ

Општина Градско и Епархијата Повардарска денеска по повод празникот Богојавление–Водици организираа фрлање на крстот во реката Вардар кај село Уланци.

Велес,19 јануари 2022 (МИА) – Општина Градско и Епархијата Повардарска денеска по повод празникот Богојавление–Водици организираа фрлање на крстот во реката Вардар кај село Уланци.

По крстот скокнаа десеттина граѓани, а Даниел Илиќ го фати крстот во осветените води на Вардар.

Илиќ доби подароци од Општина Градско, Повардарска Епархија и неколку спонзори-подржувачи на настанот.

Повеќе стотини присутни на мостот на реката Вардар крај село Уланци го проследија чинот на осветување на водите и фрлањето на крстот во Општина Градско.ад/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close