0_Македонија.ПорталЛокални избори 2021

Во три гостиварски општини денес гласаа 198 граѓани

Гласањето на локалните избори 2021 започна со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. На територијата на општина Маврово-Ростуше денес гласаа 36 лица.

Гостивар, 16 октомври 2021 (МИА) –  Гласањето на локалните избори 2021 започна со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

На територијата на општина Маврово-Ростуше денес гласаа 36 лица.

Во општина Гостивар комисијата ги одобри барањата на 145 лица од претходно пријавените 179 граѓани. Во ОИК Врапчиште правото на глас го искористија 16 немоќни и еден гласач кој е во карантин.

Во рамки на подготовките за утрешниот ден, од ОИК Гостивар потврдија дека планираната дезинфекција на избирачкиот материјал и на избирачките места е во целост спроведена и дека условите за гласање се обезбедени.згм/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close