Дописници МКДОпштински вести

Во третиот квартал од годината успешно се полнела општинската каса на Струмица

Во третиот квартал од годината успешно се полнела општинската каса. Ова е заклучот од разгледувањето и усвојувањето на извештајот за реализацијата на буџетот на Општина Струмица, кој денеска беше на дневен ред пред Советот.

Струмица, 15 ноември 2021 (МИА) – Во третиот квартал од годината успешно се полнела општинската каса. Ова е заклучот од разгледувањето и усвојувањето на извештајот за реализацијата на буџетот на Општина Струмица, кој денеска беше на дневен ред пред Советот.

Од планираните вкупни приходи во буџетот на општина Струмица во износ од 1.240.255.143,00 денари се реализирани 879.209.745,00 денари или 71 отсто.

-Основниот буџет е реализиран со 362.765.043,00 денари или 72 отсто во однос на планираните 505.900.588,00 денари, наменските дотации се реализирани во износ од 437.332.122,00 денари или 75 отсто од планираното, самофинансирачките активности се реализирани во износ од 12.604.298,00 или 32 отсто од планираното, донациите кај кои реализацијата е во износ од 25.702.631,00 денари или 37 отсто од планираното и колоната кредити реализацијата е 40.805.651,00 денари во однос на планираните 40.806.681,00 денари, односно во третиот квартал процентот на реализација во колоната кредит е 100 проценти, стои во извештајот.

Минатата година процентот на реализација на приходите во третиот квартал од 2020 година бил 55,50 отсто од вкупните приходи на буџетот, а кај основниот буџет процентот на реализираните изворни приходи бил 44 отсто во однос на планираните приходи за 2021 година. рт/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close