Дописници МКДОпштински вести

Во Тиквешко се одбележуваат ,,Европски денови на културното наследство 2021”

Во Тиквешко се одбележуваат ,,Европски денови на културното наследство 2021”. Денеска во Музеј на град Неготино беше отворена изложбата „Икони и иконостаси од црквите и манастирите од општина Неготино од 18. до почеткот на 20. век“, а во Музеј – галерија Кавадарци беше отворена изложбата на дела од ликовни уметници,  „Соња, Горан, Лазар и нивни гости“.

Кавадарци, 23 септември 2021 (МИА) – Во Тиквешко се одбележуваат „Европски денови на културното наследство 2021”. Денеска во Музеј на град Неготино беше отворена изложбата „Икони и иконостаси од црквите и манастирите од општина Неготино од 18. до почеткот на 20. век“, а во Музеј – галерија Кавадарци беше отворена изложбата на дела од ликовни уметници,  „Соња, Горан, Лазар и нивни гости“.

Како што информира Цветанка Митрева, виш кустос во Музеј на Демир Капија, оваа културна институција утре ќе реализира организирана  посета и работилница насловена „Музејот во очите на децата од Специјалниот завод во Демир Капија“.

„Европските денови на културното наследство 2021” е манифестација која се реализира од 22 – 28 септември.

-Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 70 000 настани што се организираат во пеесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство прераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, што успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа, велат организаторите на културните настани. свд/рп/

Back to top button
Close
Close