Дописници МКДКултураКултура.Портал

Во тетовско Теарце ќе се одржи манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце денеска попладне ја организира манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2022, што воедно претставува и годишен концерт на друштвото.

Тетово, 27 мај 2022 (МИА) – Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце денеска попладне ја организира манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2022, што воедно претставува и годишен концерт на друштвото. Покрај домаќините, на деветтото издание на манифестацијата учествуваат ансамбл „Гоце Делчев“ – Битола, ансамбл за народни игри и песни „Смедерево“, – Србија, КУД „Петровачки фолклорни ансамбл“ – Србија, Зурли и тапани Ќустек“.

-На концертот ќе се претставиме со две групи, поголемата група со кореографиите „Роненка“, „Жетварка“ и „Ѓурѓовден“.  Помалата група со „Тропнало оро“, „Црногорско оро“ и „Бувачанско оро“, изјави Бобан Трпковски од КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Деветтото издание на Манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2022 година започнува со дефилето на учесниците низ Тераце со почеток во 17:15 часот, додека заедничкиот концерт е со почеток во 18:00 часот во спортската сала на О.У. „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.ас/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close