0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПолитички партии

Во Тетово средба на членови на органоците на ДУИ од Сарај и Чаир со претседателот на партијата

 Членови на ограноците на ДУИ во Сарај и Чаир денеска одржуваат средби со партискиот претседател Али Ахмети во седиштето во Мала Речица по објавата на ткн. Огнена група која иницираше реформи во партијата.

Тетово, 29 септември 2022 (МИА) – Членови на ограноците на ДУИ во Сарај и Чаир денеска одржуваат средби со партискиот претседател Али Ахмети во седиштето во Мала Речица по објавата на ткн. Огнена група која иницираше реформи во партијата.

По средбата градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кој е еден од потписниците на барањето на ткн. Огнена група, информираше преку изјава за медиумите дека биле разгледани незадоволствата, но и дека не бил постигнат некаков договор.

-Денес не сме тука за договор, ние сме тука за проблемите на огранокот, што реално секој огранок, па и огранокот на Сарај има свои незадоволства, свои достигнувања. Ја информирав и целата структура на огранокот зошто сум еден од потписниците во неодамнешното писмо на т.н. „Огнена група“, изјави Блерим Беџети.

На социјални мрежи Блерим Беџети по средбата објави заедничка фотографија со лидерот Али Ахмети со објава во која го  нарекува Ахмети пријател нагласувајќи дека останува на ставот против извршната власт. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close