Дописници МКДОпштински вести

Во Тетово се организираше дебата „Правото за живот – форми на јавна артикулација на еколошки каузи“

Дебата на тема „Правото за живот – форми на јавна артикулација на еколошки каузи“ вечерва беше организирана од страна на Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Тетово, 7 декември 2021 (МИА) – Дебата на тема „Правото за живот – форми на јавна артикулација на еколошки каузи“ вечерва беше организирана од страна на Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

На дебатата, која се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа, учествуваа тетовскиот градоначалник Биљал Касами и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини како и претставник на холандската амбасада.

-На дебатата уште еднаш го искажав мојот став како градоначалник на Тетово, дека во рамките на моите надлежности ќе застанам зад секоја иницијатива која ќе има за цел намалување на загадувањето на воздухот и генерално заштита на животната средина, изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Дел од дебатата беше презентација на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“. ас/нд/

Back to top button
Close
Close