Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Во Тетово казни за 19 пешаци кои преминувале улица надвор од обележаните премини

Во рамки на континуирани активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, вчера од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаци.

Тетово, 22 септември 2021 (МИА) –  Во рамки на континуирани активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, вчера од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаци.

При акциската контрола биле откриени и санкционирани 19 прекршоци. Сите пешаци небезбедно ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини. При контролата, исто така, санкциониран е уште еден прекршок, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Портпаролот информира дека деновиве во Тетово и Гостивар се реализираат и засилени активности околу паркирањето, посебно на улиците кои водат кон училиштата, но и во централните градски подрачја.

– Погрешно паркираните возила и пред се оние кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, возила или пешаци, веднаш се санкционираат и подигнуваат од „пајак-службите“. Во наредниот период  ваквите активности уште повеќе ќе се интензивираат. Само вчера (21 септември) во Тетово и Гостивар биле подигнати десетина погрешно паркирани возила, информира портпаролот Јосифоски. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close