Дописници МКДОпштество

Во тек пријавувањето за велосипедската тура околу Калиманско Езеро

Во тек е пријавувањето за велосипедската тура околу Калиманско Езеро што претстојниот викенд ќе се одржи во Македонска Каменица. Организатор на настанот е Културно-информативниот центар „Романса“, а пријавувањето за учество на велосипедската тура е заклучно со петок, 24 септември.

Македонска Каменица, 21 септември 2021 (МИА) – Во тек е пријавувањето за велосипедската тура околу Калиманско Езеро што претстојниот викенд ќе се одржи во Македонска Каменица. Организатор на настанот е Културно-информативниот центар „Романса“, а пријавувањето за учество на велосипедската тура е заклучно со петок, 24 септември. 
– Третата велосипедска тура „Tour Тhe Kalimanci Lake“ што е поддржана од Општина М.Каменица ќе се одржи на 26 септември 2021 година (недела). Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење од ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател, истакнаа организаторите.
За сите учесници задолжителна е заштитна „кацига“ и дополнителна индивидуална додатна опрема, а во рамки на настанот ќе бидат вклучени неколку попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци за учесниците.
– Почетно собирно место е Паркот на рударите, а финишот на трката е Паркот на млади во Македонска Каменица. Од стартот во Македонска Каменица, велосипедистите ќе се придвижат кон браната на езерото Калиманци, каде започнува официјалниот дел на „Tour the Kalimanci Lake“. Турата продолжува се до спојот на локалниот пат од село Илиово и магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, каде и завршува. Враќањето кон Македонска Каменица е планирано преку регионалниот пат кон Македонска Каменица, се до Паркот на Млади, информираа организаторите.
Целта на турата е покрај дружењето и рекреацијата, да се даде придонес и кон промоцијата на природните убавини на Македонска Каменица и Калиманското Езеро во функција на развој на спортот и туризмот.
Организаторите упатија апел до учесниците за строго придржување кон пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. За учесниците ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција на почетокот и крајот од турата, но потребно е со себе да носат заштитни маски и постојано да одржуваат минимум потребно физичко растојание. вс/бак/

Back to top button
Close
Close