Општински вестиСкопје

Во тек е чистење на коритото на Сува Река во Текија и Дељадровци

Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот од Дељадровци кон Текија и Миладиновци, при што од вкупно предвидените 4 500 метри извршено е чистење на речното корито во должина од 3 400 метри, информираат од Општина Илинден.

Скопје, 27 мај 2022 (МИА) – Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот од Дељадровци кон Текија и Миладиновци, при што од вкупно предвидените 4 500 метри извршено е чистење на речното корито во должина од 3 400 метри, информираат од Општина Илинден.

Дополнуваат дека е извршено и машинско чистење на сисавец на Топлик, во локалната економска зона Илинден во должина од 1 000 метри, како и машинско чистење на сисавци на канал Топлик во локалната економска зона Ограѓа, во должина од 2 000 метри.

– Во кординација со ЈКП „Илинден“ во населба Илинден, Марино и Кадино извршено е рачно косење на канали ендеци покрај патишта од прва категорија, во должина од 3 000 метри, стои во соопштението од Општина Илинден. ар/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close