Дописници МКДОпштински вести

Во тек е санација на салата за свечености во Спомен дом АСНОМ во Делчево

Во тек е санација на салата за свечености во Спомен дом АСНОМ во Делчево. Целта на активноста како што информираа од Центарот за култура е подобрување на условите за работа на членовите на фолклорната група „Вапцаров“.

Делчево, 30 септември 2022 (МИА) – Во тек е санација на салата за свечености во Спомен дом АСНОМ во Делчево. Целта на активноста како што информираа од Центарот за култура е подобрување на условите за работа на членовите на фолклорната група „Вапцаров“.

-Поради реконструкцијата ги замолуваме сите членови и родители да имаат разбирање, затоа што паралелно со пробите ќе се врши и санирањето на салата. Очекуваме наскоро салата на Спомен – дом АСНОМ да добие нов убав изглед што ќе ја подобри атмосферата за работа и мотивацијата на младите играорци за нови кореографии, истакнаа од Центарот за култура.

Активноста како што додадоа се реализира со поддршка на општествено-одговорни фирми и градоначалникот на Општина Делчево.

-Реконструкцијата е од огромна важност како за самата играорна група, така и за други субјекти кои ќе организираат настани во оваа сала. Поради тоа упатуваме огромна благодарност до општествено одговорната фирма Брегал и до градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, додадоа од Центарот за култура.

Ова е прва поголема реконструкција на салата за свечености во Спомен дом АСНОМ. Претходно со средства на Општината се реконструираше и постоечкото фоаје во Спомен дом АСНОМ. вс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close