Дописници МКДОпштински вести

Во тек бројни градежни активности во Општина Чашка

Со поддршка од Јавното Претпријатие за државни патишта, во Општина Чашка започна градежна офанзива со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 42 мииони денари, информира Горан Стојановски градоначалник на  Општина Чашка.

Велес,19 мај 2022 (МИА)Со поддршка од Јавното Претпријатие за државни патишта, во Општина Чашка започна градежна офанзива со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 42 мииони денари, информира Горан Стојановски градоначалник на  Општина Чашка.

Во тек се активности за асфалтирање на регионален пат R 1312 на потег клучка Извор до клучка село Мартолци во должина од 3 километри, асфалтирање на регионален пат R 1312 на потег од под Чука и клучка населба Оморани во должина од 500 метри, асфалтирање на регионален пат од село Богомила до петле село Нежилово во должина од 1 километар.

Општина Чашка преку БРР обезбеди 6.600.000 денари за доасфалтирање на локалниот пат село Војница кое ќе започне во наредниот период како асфалтирање на главната улица во Горно Јаболчиште и на обиколница во селото.

Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи со градежната офанзива со цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живеење на месното население на територија на општина Чашка, најави градоначалникот  Стојановски.ад/

Back to top button
Close
Close