0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Политика

Во скопските општини до 15 часот најголема излезност Карпош со 32, 16 отсто

Од скопските општини до 15 часот најголема излезност има во Карпош 32, 16 отсто, а најмала во Шуто Оризари 19, 15 отсто.

Скопје, 17 октомври 2021 (МИА) – Од скопските општини до 15 часот најголема излезност има во Карпош 32,16 отсто, а најмала во Шуто Оризари 19,15 отсто.

Според податоците на Државната изборна комисија, во Ѓорче Петров излезноста е 32,06 отсто, во Кисела Вода 31, 69, во Бутел 30,96, во Центар 30, 91, во Аеродром 30, 71, во Гази Баба 29, 3, во Чаир 25, 14 и во Сарај 21, 35 отсто.

За скопските општини е карактеристично тоа што покрај за избор за градоначалник и советници за својата општини, граѓаните гласаат и за избор и за градоначалник за Град Скопје и за советници. вг/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close