Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Во Ранковце до 17 часот излезеност од 71 отсто, во Кратово 57 проценти

Излезеноста на граѓаните на локалните избори во Општина Ранковце до 17 часот, на само два часа до завршување на изборниот циклус, изнесува 70.02 отсто.

Крива Паланкa, 31 октомври 2021 (МИА) – Излезеноста на граѓаните на локалните избори во Општина Ранковце до 17 часот, на само два часа до завршување на изборниот циклус, изнесува 70.02 отсто.
Според информациите од претседателот на Општинската изборна комисија на Ранковце, Орце Тодоровски, граѓаните на општината ја сфатиле сериозноста од важноста да се биде учесник во демократскиот процес на гласање и директното носење одлуки за сопствената иднина.
Во Општина Ранковце право на глас имаат 3 014 граѓани и истото можат да го остварат на вкупно тринаесет избирачки места.
Во Општина Кратово, една од шесте локални самоуправи во Североисточниот дел на Република Северна Македонија, исто така, се гласа во вториот изборен круг на локалните избори.
До 17 часот излезеноста на граѓаните на Општина Кратово изнесува 57.24 отсто од вкупниот број 7 862 гласачи кои своето граѓанско право го остваруваат на 37 избирачки места. ид/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close