Дописници МКДОпштински вести

Во Прилеп се чека термин за скрининг на учениците

Се уште не е почнат скринигот во прилепските основни и средни училиште. Од 10-те основни и петте средни училишта се испратени списоците до Министерството за образование и наука за 284 ученици, по случаен избор од Е-дневникот, чии родители се согласиле да се тестираат децата.

Прилеп, 25 октомври 2021 (МИА) – Се уште не е почнат скринигот во прилепските основни и средни училиште. Од 10-те основни и петте средни училишта се испратени списоците до Министерството за образование и наука за 284 ученици, по случаен избор од Е-дневникот, чии родители се согласиле да се тестираат децата.

Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа потврдува дека се чека термин за едноставното тестирање на учениците со земање брис.

-Имаме вкупно 180 ученици со претходно добиени согласности од родителите за скриниг од Ковид-19 во основните и уште 104 согласности од средните училишта во Прилеп. Електронски, списоците од вкупно 284 ученици од училиштата се испратени во Министерството за образование. Оттаму, во координација со Министерството за здравство се чека да се определат термини за тестирањето на учениците, објаснува Николоска.

Драгица Николоска, директорка на прилепскиот Центар за јавно здравје вели дека чекаат термин за тестирање на учениците во прилепските училишта. Во меѓувреме почна тестирањето за учениците од општините во регионот. Досега резултатите покажуваат негативни тестови.

-Во моментов почнавме скриниг на учениците во селата Кривогаштани и Обршани. Тестирањата се завршени и резултатите за вкупно 14-те тестирани ученици се негативни. До среда, имаме насока, да се тестираат 53 ученици од основните училишта од Крушево и од Македонски Брод. Во среда ќе имаме резултати од тие тестирања. што се однесува до тестирањето на учениците од прилепските училишта, за тоа чекаме термин одреден од Министерството за здравство, вели Николоска.

Епидемиолошката состојба  во прилепските училишта се оценува како стабилна.  Двајца ученици се позитивни, а вкупно осум се  во изолација, како и четворица наставници. ем/мд/

 

Таг
Back to top button
Close
Close