Дописници МКДКултураОпштински вести

Во Прилеп отворена изложба на дела од Мал битолски Монмартр

Во Ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на дела од „Мал битолски Монбамртр“. Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Прилеп, 3 декември 2021 (МИА) – Во Ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на дела од „Мал битолски Монбамртр“. Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Изложбата ќе биде отворена две недели и љубителите на ликовната уметност ќе уживаат во делата создавани четири децении од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија.

 Монмартр низ годините ја упати својата шарена порака за мир, љубов и уметност, испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола. ем/ки/

Back to top button
Close
Close