Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Декамерон“

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ започнаа пробите на новата претстава „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Прилеп, 26 ноември 2021 (МИА) – Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ започнаа пробите на новата претстава „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Според режисерот Кочовски се работи за сатирична претстава со антиклерикален карактер.

-Со својата структура и темите, претставата ќе биде особено актуелна во денешен контекст: за време на голема чума група млади луѓе се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го поминат времето. Претставата обработува различни теми и ќе биде длабоко хуманистичка, а ќе пренесува големи пораки кои величаат сѐ што е човечко, вели Кочовски.

Во преставата ќе биде ангажиран поголемиот дел од ансамблот, а сценографијата и костимите ги работат Јулијана Војкова Најман и Филип Јовановски, а музиката е на Пеце Трајковски.

„Декамерон“ е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по „љубовните приказни“. Ова е трета претстава на Театарот годинава поддржан од Министерството за култура.

Инаку, со претставата „Глембаеви“, во режија на Бранко Брезовец, на први декември Театарот ќе гостува на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во Скопје. ем/ев/

Back to top button
Close
Close