Дописници МКДОпштински вести

Во Охрид повик за поднесување проекти што би биле поддржани преку Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2)

Општина Охрид во партнерство со програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објави Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.

Охрид, 4 февруари 2022 (МИА) – Општина Охрид во партнерство со програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објави Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.

Проектот финансиран од ЕУ се спроведува во шест земји/територии од Западен Балкан, за периодот до 2024 година, а е во насока на зајакнување на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан.

Во проектот „ReLOaD2“ во земјата се вклучени покрај Охрид уште општините Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани и Куманово.

Проектот е насочен кон поддршка на развојни цели на Општината, со приоритетни области како што се младинскииот активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија, туризам и заштита на животната средина и култура.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.69 милиони денари за целото времетраење на проектот „ReLOaD2“ (до декември 2024).

Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од шест до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023. аб/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close