Локални избори 2021Политички партии

Во организација на „Гласен текстилец“ дебатираа граѓаните и кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи за Штип

Граѓани, текстилни работнички, претставници на Здруженија на граѓани вечерва дебатираа со тројца кандидатите за градоначалник, Ванчо Санев од ДОМ и ЛДП, Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО ДПМНЕ и двајца носители на советнички листи за Советот на Општина Штип, Лазар Наумов од ТМРО и Ферад Мачев од Сојузот на Ромите. Тие  им ги презентираа приоритети и што очекуваат од новата локална власт.

Штип, 13 октомври 2021 (МИА) – Граѓани, текстилни работнички, претставници на Здруженија на граѓани вечерва дебатираа со тројца кандидатите за градоначалник, Ванчо Санев од ДОМ и ЛДП, Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО ДПМНЕ и двајца носители на советнички листи за Советот на Општина Штип, Лазар Наумов од ТМРО и Ферад Мачев од Сојузот на Ромите. Тие  им ги презентираа приоритети и што очекуваат од новата локална власт.

Според граѓаните, но и кандидатите за градоначалници и за советници најприоритетни проекти за градот Штип се реконструкција на главната водоводна линија, која е градена пред повеќе од половина век. Токму поради тоа во текот на годината голем дел од населбите во Штип неколку пати и тоа по два или три дена немаа вода за пиење. Меѓу приоритетите се и изградба на Дом за стари лица, Пречистителна станица, решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во центарот.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип, која е дел од организацијата на двата граѓански форуми и вечерашнава јавна дебата, истакна дека и е мило што од страна на граѓаните од Штип имаше интерес за претходните две средби, но и за вечерашнава дебата и соочување со кандидатите за градоначалници и носители на листи.

-Од сите тие средби, прашалници кои се спроведоа и онлајн и теренски, произлегоа вистинските проблеми и приоритети на штипјани. Тие не бараа премногу, туку да бидат прашани, да имаат нормални услови за живеење во 21 век. Задоволни се од нашиот пристап како локална граѓанска организација, бидејќи тие не препознаваат како локални активисти и знаат дека сме упорни. Се надеваат единствено дека овој наш проект ќе продолжи за да можеме да им „дишеме“ во врат на идниот градоначалник и идниот Совет на Општина Штип и да бараме реализирање на приоритетите кои тие како граѓани ги истакнаа, изјави Ампева.

Проектот го спроведуваат шест партнерски граѓански организации НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ  во соработка со Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми. Форумот за граѓански дијалог е поддржан од Меѓународниот центар Олаф Палме од Шведска. вдј/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close