Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени на време

Во најзападниот дел на државава, општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме, гласањето е во тек, со одредени мали технички проблеми со апаратите за читање на отисок од прстот на неколку избирачки места во Дебар.

Дебар, 17 октомври 2021 (МИА) – Во најзападниот дел на државава, општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме, гласањето е во тек, со одредени мали технички проблеми со апаратите за читање на отисок од прстот на неколку избирачки места во Дебар.

– Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.211 лица што е за 805 гласачи повеќе споредено со изборите во 2017 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 20 болни и изнемоштени лица, изјави Маџиде Атипи, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

И во општина Центар Жупа избрачките места се отворени точно во 7 часот и гласањето, според Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија се одвива без проблеми.

– Се гласа на 16 избрачки места, седум се во Центар Жупа,додека другите во селските населените места. Изборниот процес се одвива нормално. Вчера правото на глас го искористија 17 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.317 лица или 1.246 гласачи повеќе, спордено со последните локални избори. вт/нд/

Back to top button
Close
Close