Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Во општина Пласница до 11 часот гласале 485 избирачи

Од 5122 избирачи запишани на единствениот избирачки список за овие локални избори во општина Пласница,  до 11 часот гласале 485 избирачи, потврдија од ОИК за Пласница.

Пласница, 17 октомври 2021 (МИА) – Од 5122 избирачи запишани на единствениот избирачки список за овие локални избори во општина Пласница,  до 11 часот гласале 485 избирачи, потврдија од ОИК за Пласница.

-Во Општина Пласница до 11 часот своето демократско право на глас го искористиле  485 избирачи или 9, 48 остсто од 5122 гласачи колку што се запишани на единствениот избирачки список.Сите избирачки места се отворени во  7 часот и гласањето тече без проблеми. За разлика од други општини, кај нас нема проблеми со терминалите, поточно со читање на отпечатокот од  показалецот. Од искуствата од претходните изборни циклуси, и на овие локални избори  излезноста е во рамките на просекот. Поголема излезност се очекува во поладневните часови, истакна Жана Богеска од ОИК за Пласница. за/хс/

Back to top button
Close
Close