Локални избори 2021Политика

Во општина Кичево спроведено гласањето во домашни услови

Во општина Кичево во текот на денешниот ден избирачките одбори го реализираа гласањето во домашни услови за болни и изнемоштени лица и за лица заразени од Ковид-19 и во изолација. Од 330 граѓани кои се пријавиле да гласаат во домашни услови 318 се изјасниле, додека 12 лица не се најдени на соодветната адреса, а тројца во меѓувреме починале.

Кичево, 16 октомври 2021 (МИА) – Во општина Кичево во текот на денешниот ден избирачките одбори го реализираа гласањето во домашни услови за болни и изнемоштени лица и за лица заразени од Ковид-19 и во изолација. Од 330 граѓани кои се пријавиле да гласаат во домашни услови 318 се изјасниле, додека 12 лица не се најдени на соодветната адреса, а тројца во меѓувреме починале.

-Во текот на денешниот ден избирачките одбори ги посетија лицата кои побараа да гласаат во домашни услови. Од 330 граѓани кои побарале да гласаат во домашни услови 318 го дале својот глас, од останатите 12 случаи три лица во меѓувреме починале, додека девет не биле најдени на адресата што ја доставиле до комисијата. Во 265 случаи лицата што се пријавиле да гласаат во домашни услови се со нега од трето лице, додека останатите се со доставена медицинска белешка, истакнаа од ОИК Кичево.

Во нашата општина, додадоа, посебна комисија составена од здравствени работници, сестри и лекари го реализира гласањето кај болните од Ковид-19 или лицата во изолација.

-Кај нас три лица болни од Ковид-19 го дадоа својот глас.Гласачките ливчиња од домашното гласање се затворени во пликови и ќе бидат спуштени во гласачките кутии во избирачките места каде што припаѓале на гласање според домашната адреса, прецизираа од ОИК Кичево.за/вј/

Back to top button
Close
Close