Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Во Општина Градско до 9,30 излезеноста на гласачите 7,5 проценти

Во Општина Градско од регистрираните 3.113 избирачи на 11 избирачки места до 9,30 часот на гласање излегле 180 гласачи или 7,5 проценти од регистрираните на единствениот избирачки список, информира за МИА, Мери Седмакова претседател на ОИК Градско.

Велес, 17 октомври 2021 (МИА) – Во Општина Градско од регистрираните 3.113 избирачи на 11 избирачки места до 9,30 часот на гласање излегле 180 гласачи или 7,5 проценти од регистрираните на единствениот избирачки список, информира за МИА, Мери Седмакова претседател на ОИК Градско.

Таа појасни дека утрово во 7 часот биле отворени сите избирачки места и гласањето се одвива фер и достоинствено без инциденти.

Самаракова сепак потенцира дека како ОИК Градско од утрово се соочуваат со проблеми со новите апарати за читање на отпечаток на прст, кои првпат се воведени на овие локални избори и затоа тие реагирале до ДИК и очекуваат проблемот да биде надминат. ад/цр

Таг
Back to top button
Close
Close