Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Во општина Гостивар на гласање до 13 часот излегле над 15 илјади граѓани

Гласањето во гостиварската општина во првиот дел од денот го карактеризира зголемена излезност во споредба со првиот круг од локалните избори.

Гостивар, 31 октомври 2021 (МИА)  – Гласањето во гостиварската општина во првиот дел од денот го карактеризира зголемена излезност во споредба со првиот круг од локалните избори.

До 13 часот на гласачките места правото на глас го искористиле 15.236 граѓани (18,81%). Споредено со пресекот во истиот термин од првиот круг, излезноста е поголема за над 5 проценти (тогаш имаше близу 11 илјади).

Зголемената излезност ја потврдија и кандитатите за градоначалници и нивните изборни штабови.

Во соседната општина Врапчиште до 13 часот на 39-те избирачки места излегле 4.295 граѓани од запишаните 26.383 избирачи (16,29 проценти). згм/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close