Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Во Општина Велес до 9,30 излезноста на локалните избори 4,5 проценти

Во Општина Велес излезноста на регистрираните 45 892 гласачи на 82 избирачки места до 9,30 часот е 2 800 гласачи или 4,5 проценти информира за МИА, Андреј Ќамилов претседател на ОИК Велес.

Велес, 17 октомври 2021(МИА)-Во Општина Велес излезноста на регистрираните 45 892 гласачи на 82 избирачки места до 9,30 часот е 2 800 гласачи или 4,5 проценти информира за МИА, Андреј Ќамилов претседател на ОИК Велес.

Тој појасни дека утрово во 7 часот биле отворени сите избирачки места во Општина Велес, а гласањето досега се одвива мирно, достоинствено и без инциденти.

Ќамилов ги повика сите регистрирани гласачи до 19 часот да излезат на гласачките места и го остварат своето граѓанско право на глас за идната нова локална власт на Општина Велес.ад/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close