Дописници МКДОпштество

Во ООУ „Васил Главинов“ во Велес отворена сензорна соба за ученици со атипичен развој и потешкотии во развојот со поддршка на Евангелската црква

Во Општинското основно училиште „Васил Главинов“ во Велес денеска е отворена сензорна соба за учениците со атипичен развој и потешкотии во развојот. Сензорната соба е донација на Евангелската црква и пастор Филип Иванов.

Велес, 26 јануари 2022 (МИА) – Во Општинското основно училиште „Васил Главинов“ во Велес денеска е отворена сензорна соба за учениците со атипичен развој и потешкотии во развојот. Сензорната соба е донација на Евангелската црква и пастор Филип Иванов.

Двајца специјални едукатори и рехабилитатори ќе работат индивидуални третмани со учениците со попречености во зависност од нивните потреби.

„Васил Главинов“ е прво општинско училиште со сензорна соба и е лидер во инклузивност во регионот. Во училиштето настава посетуваат 15 ученици од Велес кои се со различни форми на попреченост.

Инаку оваа училиште веќе ги има сите услови за образование на овие ученици: пристапна рампа, лифт за учениците со телесна попреченост и адаптирани тоалети.

Како што појасни Тања Индова, дефектолог во училиштето, која повеќе години успешно работи со овие ученици, оваа сензорна соба во многу ќе придонесе за надминување на проблемот со однесувањето и концентрацијата на овие ученици.

Евангелската црква претходно веќе опреми ваква сензорна соба  во ОУ „Маца Овчарова“ во Велес.ад/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close