Дописници МКДОпштински вести

Во март продолжува изградбата на градскиот плоштад во Кичево

Еден од трите капитални проекти кои во Кичево ќе се реализираат со средства од ТАВ програмата е градскиот плоштад чија изградба стартуваше во октомври, но поради локалните избори и неповолната временска ситуација работите беа прекинати и ќе продолжат на почетокот на март, најави Емин Насуфи од општина Кичево.

Кичево, 28 јануари 2022 (МИА) – Еден од трите капитални проекти кои во Кичево ќе се реализираат со средства од ТАВ програмата е градскиот плоштад чија изградба стартуваше во октомври, но поради локалните избори и неповолната временска ситуација работите беа прекинати и ќе продолжат на почетокот на март, најави Емин Насуфи од општина Кичево.

-Проектот за изградба на градски плоштад во Кичево ќе се реализира со средства од ТАВ програмата во износ од 800 000 евра. Градежните работи стартуваа на почетокот на октомври, но поради локалните избори и неповолната временска ситуација се прекинати и се очекува да продолжат на почетокот на март, поточно кога временската ситуација ќе го овозможи тоа, нагласи Насуфи.

Тој ги наведе содржините кои ќе бидат застапени во овој проект, од поставување на нови гранитни плочи до урбана опрема и нови лед светилки.

-Со овој проект што треба да се реализира во период од шест месеци, на градскиот плоштад ќе бидат променети бекатон плочките и ќе бидат поставени нови гранитни плочи со поголеми димензии во црна и бела боја. Плоштадот комплетно хортикултурно ќе се преуреди, ќе биде поставена и нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпад, а ќе се постават и нови канделабри со лед штедливи светилки. Нашиот град ќе добие плоштад со кој ќе може да се гордее, додаде Насуфи.

Градежните работи на овој проект ќе ги изведе ГП „Ас Сењак“ од Кичево.

Покрај овој проект, со средства од ТАВ програмата во Кичево ќе биде реконструирана и поранешната команда на гарнизонот Кичево за потребите на локалната самоуправа, а кај христијанските гробишта во тек е изградба на нова капела.за/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close