Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од Градскиот Кеј

Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река. Како што информираа од Општината, градежните работи се одвиваат според утврдената диманика и планот за работа, по што се очекува наскоро работите целосно да бидат завршени.

Македонска Каменица, 25 септември 2021 (МИА) – Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река. Како што информираа од Општината, градежните работи се одвиваат според утврдената диманика и планот за работа, по што се очекува наскоро работите целосно да бидат завршени.

– Со реализирањето на оваа активност граѓаните на Македонска Каменица, наместо неуреден простор, добиваат уште едно катче за разонода, прошетки, спорт и рекреација, истакнаа од Општината.

Ваквите активности, додаде градоначалничката Соња Стаменкова, која изврши увид во работите, ќе продолжат и во наредниот период.

– Целта е со посветена работа Македонска Каменица да прерасне во модерна, развиена и современа Општина, додаде Стаменкова.

Паралелно од Општината додадоа дека продолжува уредувањето и на останатите површини во близина на Кејот на Каменичка Река. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close