Дописници МКДЛокални избори 2021

Во Македонска Каменица до 9 часот во вториот круг од локалните избори гласале 8,99 проценти

Во М.Каменица до 9 часот во вториот круг од Локалните избори гласале 8,99 проценти од граѓаните со право на глас. Претседателката на Општинската изборна комисија Бота Ангелова Димитрова информираше дека гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера.

Македонска Каменица, 31 октомври 2021 (МИА) – Во Македонска Каменица до 9 часот во вториот круг од локалните избори гласале 8,99 проценти од граѓаните со право на глас. Претседателката на Општинската изборна комисија Бота Ангелова Димитрова информираше дека гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера.

– Во Македонска Каменица во 7 часот започна гласањето на 17 избирачки места. Членовите на избирачките одбори не пријавија проблеми како со УБИГ апаратите така и воопшто со текот на избирачкиот процес тече без проблеми. До 9 часот во Македонска Каменица гласале 605 гласачи или 8,99 проценти од избирачите, истакна Ангелова Димитрова.
Во оваа општина своето право на глас утрово го искористија и кандидатите за градоначалници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалиции. вс/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close