0_Македонија.ПорталДописници МКДЛокални избори 2021Политика

Во Куманово излезноста 4,25 проценти, во Старо Нагоричане 7, 61 отсто

Во Куманово, до девет часот излезноста 4,25 проценти, според Државната изборна комисија од обработени 93 проценти од податоците од избирачки места.

Куманово, 31 октомври 2021 (МИА) – Во Куманово, до девет часот излезноста 4,25 проценти, според Државната изборна комисија од обработени 93 проценти од податоците од избирачки места.

-Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ.

Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93 986 избирачи кои гласаат на 167 места.

Во Општината Старо Нагоричане, право на глас имаат 3 262 лица кои гласаат на 38 избирачки места. Гласањето се спроведува непречено, информираше претседателот на ОИК Марјан Даиловски.

Според податоците на ДИК од обработените над 99 проценти, излезноста е 7, 61 процент. ам/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close