
Крушево, 24 јануари 2022 (МИА) – Од изутрината во Крушево врне нов снег. Улиците се посипуваат со сол, а поради ниските температури и ветрот, на места имаше наноси кои јавното комунално претпријатие „Комуна“ перманентно ги расчистува, информираат општинските власти.
Крушево има успешна сезона со многу снег, и затоа обврската на претпријатието е голема во обезбедување пристап, проодност и безбедно движење. Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги контактираат за информации и проблеми со чистење и посолување на снегот.
Инаку, изминатиот викенд во Крушево имаше голем број посетители кои го искористија снежното време на скијачките терени и за посета на колината.ем/бт/