Дописници МКДОпштински вести

Во Крушево гости од Бугарија и од Шпанија за проект за прерано напуштање на образованието

Во рамките на проектот „Мобилност: Патот напред“, а се однесува на прераното напуштање на образованието, претставници на здруженија од земјава, од Бугарија и од Шпанија денеска се во Крушево, во посета на спомен куќата „Тодор Проески“ и на средното училиште „Наум Наумовски Борче“.

Крушево, 6 декември 2021 (МИА) – Во рамките на проектот „Мобилност: Патот напред“, а се однесува на прераното напуштање на образованието, претставници на здруженија од земјава, од Бугарија и од Шпанија денеска се во Крушево, во посета на спомен куќата „Тодор Проески“ и на средното училиште „Наум Наумовски Борче“.

Проектот „Мобилност: Патот напред“ има цел да ја намали стапката на прерано напуштање на образованието, а овој проблем го адресира преку меѓусекторско вмрежување за соработка за адресирање на проблемот.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој се сретна со  претставниците на иницијативата, многу е битно будно да се следат состојбите во образованието.

-Ова е многу важен проект кој адресира горлив проблем. Образованието е важен дел од иднината на една општина, на државата и на општеството. Драго ми е што Крушево и крушевското средно училиште се запознаваат со овој проект, а претставниците ќе се запознаат со состојбата со образованието во Крушево, вели Христоски.

Гостите разговараа со директорката на средното училиште „Наум Наумовски Борче“, Снежана Миленковска, која ги информираше за бројот на ученици, за тековните проекти на учениците и за целосниот секојдневен процес на одржувањето на настава.

Проектот е финансиран од ЕУ, а имплементиран од здружението „Европско Граѓанско, Акција“ – Битола, од Центарот за образовна интеграција на деца и студенти од етнички малцинства, од Софија, Бугарија и од Ц.Е.И.П Сан Карлос, од Мадрид, Шпанија.ем/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close