Дописници МКДОпштински вести

Во Крива Паланка хуманитарен концерт „Сите сме еднакви”

Во присуство на бројна публика синоќа на градскиот плоштад „Карпошово востание" во Крива Паланка се одржа хуманитарен фолклорен концерт насловен „Сите сме еднакви".

Крива Паланка, 28 мај 2022 (МИА) – Во присуство на бројна публика синоќа на градскиот плоштад „Карпошово востание” во Крива Паланка се одржа хуманитарен фолклорен концерт насловен „Сите сме еднакви”.
-Настанот се реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, а беше посветен на лицата со попреченост од нашиот град. Настапија повеќе ансамбли од здружението, со што младите играорци и играорки дадоа придонес во поддршката на лицата со пречки во развојот. Со поддршка од волонтерите на Црвениот крст беа поставени пунктови си кутии за собирање финансиски средства што подоцна ќе се достават во Дневниот центар за лица со попреченост во Крива Паланка, информираат од КУЗ „Карпош”.
Поддршка на хуманата мисија дадоа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и дел од советниците во советот на општината.
Ова најстаро културно-уметничко здружение од Крива Паланка годинава одбележува јубилеј, петдецениско постоење, повод за кој се подготвува голем концерт што ќе се одржи летово.ид/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close