Дописници МКДОстанатоСпорт

Во Крива Паланка се одржа меморијалниот турнир во футсал „Даки 2022“

Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа меморијалниот, четврти по ред турнир во мал фудбал „Далибор Николовски -Даки“.

Крива Паланка, 17 јануари 2022( МИА) – Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа меморијалниот, четврти по ред турнир во мал фудбал „Далибор Николовски -Даки“.
Турнирот е во организација на локалниот клуб на млади на Социјалдемократската младина на РС Македонија, а е посветен на нивниот другар чијшто живот прерано згасна. На турнирот учествуваа девет екипи.
– Горди сме што во нашите редови го имавме Даки, којшто не задолжи многу со својата добрина, човечност и енергичност, а на овој начин,преку една од неговите најголеми пасии, фудбалот, го чуваме неговиот спомен. Во таа чест и денес сме тука, иако две години поради пандемијата со Ковид-19 паузиравме, а до овој турнир кој прерасна во своевиден спортски бренд на градот, сакаме тој спомен засекогаш да остане меѓу нас, изјави Методиј Вучковски, претседател на ЛК на млади на СДММ, Крива Паланка.
Вучковски во знак на почит и благодарност додели плакета на семејството на Николовски.
Екипите од Крива Паланка, како и од соседните општини Ранковце и Кратово играа во чест на Даки, а најуспешните добија медали, пехари, парични награди и ваучери.
Третото место го освои екипата на Маневци, второ место Ранковце и победничка беше екипата на “Воденица 3 и Селект”.
Медалите ги доделија претседателот на ЛК на млади на СДММ Крива Паланка, потпретседателот на млади на СДММ, Никола Јакимовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Беа доделени и плакети за најдобар голман и најдобар играч на турнирот. ид/

Таг
Back to top button
Close
Close