Дописници МКДКултураКултура.Портал

Во Кратово прво издание на „Коритон фест”

Пред платото на Дом на култура „Лазар Софијанов" во Кратово, вечерва ќе се одржи првото издание на „Коритон фест".

Крива Паланка, 19 август 2022 (МИА) – Пред платото на Дом на култура „Лазар Софијанов” во Кратово, вечерва ќе се одржи првото издание на „Коритон фест”.
Од Општина Кратово информираат дека станува збор за нов музички настан, дел од „Кратовско културно лето 2022″.Предвидена е една фестивалска вечер, со почеток од 20 часот.
-Ги повикуваме сите љубители на добра музика од регионот да уживаат во настапите на Елена Христова од Баклава и „Тајмс проект” заедно со Тимко Чичаковски. Ќе биде изведена традиционална македонска музика со уметнички нов аранжман. По нив настапува скопскиот поп-рок бенд „Фикшн” и Виктор Апостоловски, сите со едночасовна забава и програмски настап, информира Катерина Пешевска, советник за општи дејности на Општина Кратово.
Кратовчани ќе имаат можност да уживаат во целовечерен настан кој ќе се заокружи со повеќечасовна забава што ќе ја приредат тројца ди-џеи. ид/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close