Дописници МКДОпштински вести

Во ковид – центарот во болницата во Тетово се лекуваат девет пациенти

Во текот на изминатиот викенд двајца пациенти се примени во ковид - центарот во Клиничката болница во Тетово. Вкупно девет пациенти се лекуваат во ковид-центарот.

Тетово, 24 јануари 2022 (МИА) –  Во текот на изминатиот викенд двајца пациенти се примени во ковид – центарот во Клиничката болница во Тетово. Вкупно девет пациенти се лекуваат во ковид-центарот.

-За разлика од крајот на минатата недела кога имаше 70 прегледи и контроли, сега за изминатите 24 часа во ковид – центарот се бележат помалку луѓе кои побарале да бидат прегледани или да им се изврши контрола, односно 30 се такви случаи, информира д-р Хасан Илјази.

Од деветмината хоспитализирани тројца не се вакцинирани, додека шестмина се со две вакцини против Ковид-19.  Хоспитализираните се на инфективното одделение каде има уште осум слободни места. ас/рп/

Back to top button
Close
Close