Дописници МКДОпштински вести

Во клубот на пензионери од Крива Паланка отворен здравствен пункт

Во клубот на пензионери од Крива Паланка отворен е пункт за пружање основни медицински услуги во координација на двете Здруженија на пензионери за општините Крива Паланка и Ранковце.

Крива Паланка, 16 октомври 2021 (МИА) – Во клубот на пензионери од Крива Паланка отворен е пункт за пружање основни медицински услуги во координација на двете Здруженија на пензионери за општините Крива Паланка и Ранковце.

На пунктот што ќе функционира секој четврток, услуги за бесплатно мерење притисок и шеќер во крвта ќе добиваат старосните пензионери и пензионери инвалиди на трудот од двете општини.

– Од овој четврток и официјално беше пуштен во употреба пунктот кадешто основните медицински услуги се достапни за нашите членови во временски период од час и половина, од девет часот и триесет минути до единаесет часот. Услугите ги реализира стручно медицинско лице од Здравствениот дом  „Димитар Арсов”, Крива Паланка. Ова е само една од содржините кои ги воведовме за подобрување на условите за престој во клубот на нашите пензионери. Се грижиме за нивото здравје и ги дополнуваме услугите, со цел зголемување на квалитетот живот на лицата од третото доба, изјави Трајче Давидовски, претседател на здружението на старосни пензионери од Крива Паланка и Ранковце.

Во клубот на пензионери лоциран во зградата на Меѓуопштински центар за социјална работа Крива Паланка од неодамна отворена е и опремена библиотека којашто располага со солидна бројка книги што пензионерите и пензионерките можат да ги читаат за време на престојот.ид/см/

Back to top button
Close
Close