Локални избори 2021Политика

Во Кичево 464 болни и изнемоштени и 16 лица со Ковид-19 ќе гласаат во домашни услови

Шеснаесет лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле да гласаат во домашни услови во вториот круг на локалните избори во Кичево. Во ОИК Кичево се прифатени и барања на 464 лица болни и изнемоштени, кои како и лицата со Ковид-19 ќе гласаат во сабота.

Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) – Шеснаесет лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле да гласаат во домашни услови во вториот круг на локалните избори во Кичево. Во ОИК Кичево се прифатени и барања на 464 лица болни и изнемоштени, кои како и лицата со Ковид-19 ќе гласаат во сабота.

-За вториот изборен круг од локалните избори што ќе се спроведе овој викенд, во Општина Кичево се пријавени и 16 лица болни од Ковид 19 и во изолација, кои побараа да гласаат во домашни услови. Гласањето ќе се спроведе на 30 октомври, кога екипа од Општата болница Кичево составена од еден лекар и две медицински сестри, ќе ги посетат нивните домови а во нивна придружба можат да бидат и претставници на политички партии кои имаат свои кандидати во вториот изборен круг, истакна Анета Трпески од ОИК за Општина Кичево.

Трпески рече дека за вториот изборен круг во оваа општина се новопријавени 134 лица болни и изнемоштени, кои со претходно пријавените 330 болни и изнемоштени, ќе гласаат во домашни услови на 30 октомври, или во општина Кичево вкупно 464 лица болни и изнемоштени ќе бидат посетени од избирачките одбори во сабота, за да го искористат своето демократско право на глас. за/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close