Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево стагнира интересот за вакцинација

Како и во текот на изминатиот месец така и овој месец, во Кичево интересот за вакцинација против Ковид-19 не е променет. И понатаму граѓаните најмногу се заинтересирани да се вакцинираат со американската вакцина на „Фајзер“, додека драстично опадна интересот за кинеската „Синовак“ и британската „Астра Зенека“. Покрај прва и втора вaкцина, две седмици здравствените работници од Кичево ја примаат и третата доза на вакцина на „Фајзер“. Засега нема преголем интерес за вакцинација со трета доза.

Кичево, 13 октомври 2021 (МИА) – Како и во текот на изминатиот месец така и овој месец, во Кичево интересот за вакцинација против Ковид-19 не е променет. И понатаму граѓаните најмногу се заинтересирани да се вакцинираат со американската вакцина на „Фајзер“, додека драстично опадна интересот за кинеската „Синовак“ и британската „Астра Зенека“. Покрај прва и втора вaкцина, две седмици здравствените работници од Кичево ја примаат и третата доза на вакцина на „Фајзер“. Засега нема преголем интерес за вакцинација со трета доза.

-Веќе втор месец интересот за вакцинација кај нашите сограѓани е во стагнација или во благо опаѓање. Кај нашите сограѓани интересот за вакцинација со „Астра Зенека“ и„ Синовак“ е минимален.Така во периодот од 25 септември до 8 овој месец, само 10 лица ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ и 12 на „Синовак“, нешто поголем е интересот за „Фајзер“ и во истиот период 339 граѓани примиле прва доза од овој производител, вели Мира Мојсоска, одговорна сестра во Здравствен дом Кичево.

Посочи дека интересот за ревакцина е поголем како резултат на претходно примената прва доза.

-Според бројките очигледно е дека бројот на граѓани што ја примиле втората доза во истиот период е далеку поголем.Така во периодот од 25 септември до 8 овој месец 79 граѓани ја примиле втората доза на „Астра Зенека“ и дури 339 втората доза на „Синовак“. Стандардно голем интерес граѓаните покажуваат за вакцината на „Фајзер“ и во истиот период втора доза од овој производител примиле 384 лица или од почетокот на вакцинација 3.317 граѓани ја примиле втората доза на „Фајзер“. И понатаму најголем е бројот на граѓани кои примиле прва доза вакцина на „Синовак “ 7.756  граѓани, додека 6.280 граѓани ја примиле втората доза од кинескиот производител, додава Мојсоска. за/свс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close