Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево изминатата година најголем број крводарувања во последните четири години

Покрај пандемијата со Ковид-19, Општинската организација на Црвениот крст Кичево во изминатата година оствари најдобри резултати во последниве четири години, со најголем број собрани крвни единици.

Кичево, 27 јануари 2022 (МИА) – Покрај пандемијата со Ковид-19, Општинската организација на Црвениот крст Кичево во изминатата година оствари најдобри резултати во последниве четири години, со најголем број собрани крвни единици.

-Иако минатата година имавме само девет редовни крводарителни акции поради проблемите со коронавирусот, сепак остваривме најдобри резултати во последните четири години. Така во 2021 година собрани се вкупно 1073 крвни единици, што е далеку над бројката од 2020 година кога беа собрани само 937 крвни единици, а помал е бројот на собрани крвни единици и во 2018 и 2019 година, кога имавме собрано 1016 и 1051 крвна единица, истакна Јане Кочоски од Општинската организација на Црвениот крст Кичево.

Нагласи дека и во тековната година бројот на редовни и вонредни крводарувања ќе биде во рамките на планските активности од претходните години.

-Како и претходните години, така и во тековната 2022 година во план сме да реализираме 15 редовни крводарителни акции и три вонредни крводарителни акции. Традиционално секоја година крводарителни акции спроведуваме во најголемите компании во оптината како РЕК „Осломеј“,„Џојсон Сејфти Системс“, касарната, ОВР-Кичево и други.Покрај овие крводарувања, доброволци ќе можат да подарат дел од својата драгоцена течност и во Институтот за трансфузиона медицина во Кичево, што во повеќе наврати и се случува. Сигурни сме дека бројот на крводарувања ќе беше и поголем, но поради симптоми од Ковид-19,  дел од заинтересираните граѓани беа одбиени  да даруваат крв, додаде Кочоски. за/рп/

 

Back to top button
Close
Close