Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево во пораст бројот на новозаболени од Ковид-19 во однос на тестирани

Втора недела состојбата со новозаболени од Ковид-19 во Кичево оди во нагорна линија. Иако бројот на новозаболени е се помногуброен во однос на тестирани, сепак мал е интересот на граѓаните на Кичево за вакцинација, потврди директорот на Општата болница во тој град, Станко Трпески.

Кичево, 2 ноември 2021 (МИА) – Втора недела состојбата со новозаболени од Ковид-19 во Кичево оди во нагорна линија. Иако бројот на новозаболени е се помногуброен во однос на тестирани, сепак мал е интересот на граѓаните на Кичево за вакцинација, потврди директорот на Општата болница во тој град, Станко Трпески.

-Во нашата општина втора недела бројот на новозаболени е во пораст во однос на тестирани.Така што од 20 до 25 пациенти колку што дневно се тестираат во нашата болница, половина од нив се позитивни на Ковид-19, што е лоша најава за претстојниот период, кога ќе имаме и пониски температури и поголемо аерозагадување, кои се сојузници на овој вирус, рече Трпески.

Посочи дека односот на тестирани и позитивни се движи околу 50 проценти, и тој во текот на летото бил далеку поповолен, со сличен број тестирани, но со помал број новозаболени.

Трпески потенцира дека бројот на хоспитализирани во модуларниот ковид центар во Кичево редовно е над десет пациенти.

-Во последните неколку дена бројот на хоспитализирани во модуларниот ковид центар се движи над 10. Денеска имаме 12 хоспитализирани пациенти од кои помал дел се на кислородна подршка и повеќето се со лесна клиничка слика.Во исто време имаме и тројца пациенти на скопските клиники, од кои еден со потешка клиничка слика, додаде Трпески и препорача граѓаните во што поголем број да се вакцинираат и на тој начин да спречат потешки последици од Ковид-19. за/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close