Дописници СветКултураКултура.Портал

Во КИЦ на Северна Македонија во Софија ќе се одржи книжевна вечер со писателката Ана Багријана

Во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија денеска во 18:30 часот ќе се одржи Книжевна вечер со писателката и преведувачка Ана Багријана. Таа е поетеса, романсиер, драматург, преведувач од Украина и е родена на 24 март 1981 година во Фастов, Киевската област.

Софија, 2 декември 2021 (МИА) – Во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија денеска во 18:30 часот ќе се одржи Книжевна вечер со писателката и преведувачка Ана Багријана. Таа е поетеса, романсиер, драматург, преведувач од Украина и е родена на 24 март 1981 година во Фастов, Киевската област. Дипломирала украински јазик и литература на Филолошкиот институт на Националниот универзитет Тарас Шевченко во Киев. Работела како новинарка во телевизија, радио и печатење.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот литературен критичар и издавач Пламен Тотев и директорот на КИЦ на Северна Македонија во Софија д-р Сашко Насев, ќе зборуваат за нејзиниот богат преведувачки опус, кој опфаќа голем број наслови од македонски автори преведени на украински, како и за нејзиниот писателски труд.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат делови од современата литература на три јазици – македонски, бугарски и украински.

За збогатување на интерпретацијата на избраните кратки текстови ќе се погрижи режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика, кој е од Република Северна Македонија, но живее и работи во Бугарија.

Местата за присуство на настанот се ограничени и право на присуство ќе имаат само оние кои се пријавиле однапред. Предност ќе имаат оние кои имаат потврди за вакцинација или за заболени од Ковид-19. Поставените услови се со цел да се почитуваат мерките за справување со пандемијата, прецизирани од КИЦ на Северна Македонија. нк/ир

Back to top button
Close
Close