Дописници МКДОпштински вести

Во Кавадарци улици кои беа двонасочни, сега се еднонасочни

Локалната самоуправа во изминатиот период изврши промена на режимот на сообраќај. Улици кои беа двонасочни, сега се еднонасочни, информираат денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 22 октомври 2021 (МИА) – Локалната самоуправа во изминатиот период изврши промена на режимот на сообраќај. Улици кои беа двонасочни, сега се еднонасочни, информираат денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Улицата ,,Диме Поп Атанасов’’ е дозволена за сообраќај од спојот со улица ,,Ресавска’’ кон спојот со улица ,,Пионерска”. Улицата ,,Дешка Тошева’’ е дозволена за сообраќај во насока од спојот со улица ,,Вишешница’’ кон спојот со улица ,,Ресавска’’. Улицата ,,Ѓорѓи Сугаре’’ е дозволена за сообраќај во насока од спојот со улица ,,Ресавска’’ до спојот кон улицата ,,Вишешница’’. Улицата ,,Словенска’’ е дозволена за сообраќај од спојот со улица ,,Љубашка’’ до спојот со улица ,,Прилепска’’ и улица ,,Игман’’, и од спојот со улица,,Прилепска’’ кон спојот со улица ,,Љубашка’’, појаснуваат од кабинетот на градоначалникот.

На сите наведени улици е поставена комплетна вертикална сообраќајна сигнализација, согласно изготвените сообраќајни проекти и добиената согласнот од СВР Велес.свд/са/

Back to top button
Close
Close