Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Во Кавадарци се одржа настан со поддршка за превенција и борба против рак на дојка „Напред розово“

Во Кавадарци денеска беше дадена поддршка на кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“, во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“.

Кавадарци, 26 септември 2021 (МИА) – Во Кавадарци денеска беше дадена поддршка на кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“, во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“.

– Кавадарци се обои  во розово, со цел да се даде поддршка на оние кои се борат со оваа болест, а воедно да се подигне свеста за навремено детектирање и превенција од ракот на дојка, рекоа организаторите на настанот, потсетувајќи дека станува збор за најчестиот вид рак кај жените.

Меѓу присутните беше и пратеничката Даниела Колева, која нагласи дека целта е да се даде придонес и поддршка на лицата кои се борат со оваа тешка и мачна болест која не бира ни пол, ни возраст, ни боја на кожа. Таа посочи дека уште пред да стапи на функцијата пратеник, се залагала и ја давала поддршка на овие лица, но сега, како што истакна, веќе може да помогнам и со организирање на хуманитарни акции, со промена на законската легислатива. свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close