Дописници МКДОпштински вести

Во Кавадарци одбележана Неделата на борба против туберкулоза

Од 14 септември до денеска Црвен крст на Република Северна Македонија заедно со Општинска организација Кавадарци ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза и тоа со повеќе активности, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.

Кавадарци, 21 септември 2021 (МИА) – Од 14 септември до денеска Црвен крст на Република Северна Македонија заедно со Општинска организација Кавадарци ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза и тоа со повеќе активности, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.
-Беа проследени пригодни информации со цел информирање на граѓанството за тоа што претставува и како да се превенира туберкулозата. На градскиот плоштад беше поставен штанд со пригодни материјали, брошури со содржина за детални инфомации за туберкулозата како болест. Од страна на волонтерите при нашата организација, беа поделени брошури на тема ,,Што е туберкулоза” на случајните минувачи на видни места во централното градско подрачје, соопштија од Црвен крст Кавадарци.
Оттаму додадоа дека во основните и средните училишта беа дистрибуирани брошури, со цел информирање на учениците и наставниците за тоа што е туберкулозата, како се пренесува, кои се симптомите, како се поставува дијагноза, што доколку е некој заболен од туберкулоза, превенција и вакцина.свд/бт/

Back to top button
Close
Close