Дописници МКДОпштински вести

Во Земјоделското училиште во Кавадарци доделени награди за најдобри вина произведени од ученици

Во Земјоделското училиште ,,Ѓорче Петров" во Кавадарци денеска беа  доделени награди за средношколците коишто произвеле најдобри вина, како резултат на теоретското и практично образование стекнато во оваа воспитно - образовна установа, а произведени во домашни услови.

Кавадарци, 24 ноември 2022 (МИА) – Во Земјоделското училиште ,,Ѓорче Петров” во Кавадарци денеска беа  доделени награди за средношколците коишто произвеле најдобри вина, како резултат на теоретското и практично образование стекнато во оваа воспитно – образовна установа, а произведени во домашни услови.
Настанот беше во рамките на одбележувањето на месецот на младо вино. Пред присутните, ученици изведоа рецитал посветен на виното, под менторство на професорот по македонски јазик, Влатко Тасев. Свое обраќање имаше директорката Ратка Росомански.
– Во нашето училиште учениците произведуваат високо квалитетни вина под менторство на своите професори. Оваа година сме горди на нив, со новиот училишен бренд на бело вино, ,,Бисерна капка”. Се надеваме дека учениците и професорите од нашето училиште ќе продолжат да иницираат и спроведуваат вакви активности. На таков начин ќе бидеме пример во општината,  Тиквешијата и пошироко, за тоа како треба да се работи. Само со посветеност и љубов кон својата професија, можеме да станеме лидери во едукацијата, нагласи Росомански.
Беше изведена и културно уметничка програма. свд/

Таг
Back to top button
Close
Close