0_Спорт.ПорталДописници МКДСпортФудбал

Во Демир Хисар меморијален фудбалски турнир „Валентин Стефановски“

Општина Демир Хисар во соработка со здружението на граѓани „Валентин Стефановски“ викендов го организираат традиционалниот меморијален фудбалски турнир „Валентин Стефановски“.

Демир Хисар, 26 ноември 2021 (МИА) – Општина Демир Хисар во соработка со здружението на граѓани „Валентин Стефановски“ викендов го организираат традиционалниот меморијален фудбалски турнир „Валентин Стефановски“.

Турнирот во мал фудбал ќе се одржи под покровителство на градоначалникот Никола Најдовски и со утврдени ковид мерки во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар.

Годинава на турниот учествуваат осум екипи од градот и населените места кои ќе се натпреваруваат со елиминаторен систем, а финалето и прогласувањето на победниците ќе се одржи в недела, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар. мт/дма/

Back to top button
Close
Close