Некатегоризирано

Во Делчево се одржа Меморијален натпревар во спортски риболов

Во организација на Спортско-риболовното друштво „Брегалница" на езерскиот комплекс „Сандански" во Делчево се одржа Меморијалниот натпревар во спортски риболов на крап. На настанот како што информираше Ванчо Стојмирски, претседател на друштвото учествувале спортски риболовци од Делчево и околината.

Делчево, 19 септември 2021 (МИА) – Во организација на Спортско-риболовното друштво „Брегалница” на езерскиот комплекс „Сандански” во Делчево се одржа Меморијалниот натпревар во спортски риболов на крап. На настанот како што информираше Ванчо Стојмирски, претседател на друштвото учествувале спортски риболовци од Делчево и околината.

-Правилата за учество беа исти како и секоја година, со тоа што спортските риболовци  имаа на располагање 2 трски на дно или тапа по избор, истакна Стојмирски.

Како најдобар на натпреварот како што додадоа од СРД ,,Брегалница” се покажа Мехмед Оџов кој заедно со второ и третонаградениот доби парична награда од организаторот.

-Победник на спортскиот натпревар во риболов на крап е Мехмед Оџов, додека второто и третото место им припадна на Славчо Попов и Ванчо Стојмирски. Честитки до наградените и сите учесници кои дадоа свој придонес во организирањето на овој Меморијален турнир кој е посветен на наши членови кои не се повеќе меѓу нас, додадоа од СРД „Брегалница”.

Изразија благодарност и до останатите спонзори кои исто така обезбедија награди за најдобрите спортски риболовци на денешниот натпревар. вс/лв/

Back to top button
Close
Close