Некатегоризирано

Во Делчево реализирани едукативни предавања на тема „Здрав начин на живот и дијабетот”

Под мотото „Здрав начин на живот и дијабетот" Општинската организација на Црвен крст Делчево реализираше низа активности по повод Неделата на борба против шеќерната болест.

Делчево, 25 октомври 2021 (МИА) – Под мотото „Здрав начин на живот и дијабетот” Општинската организација на Црвен крст Делчево реализираше низа активности по повод Неделата на борба против шеќерната болест.

-За таа цел спроведовме две едукативни предавања. Со едното предавање беа опфатени пензионирите како целна група, а другото предавање беше наменето за членовите на Клубот на млади при нашата Општинска организација, информираа од Црвен крст Делчево.

Целта, како што додадоа, е подигнување на свеста за сериозноста на оваа болест, која зема се поголем замав и кај најмладите.

-Предавањата се реализираа со вкучување на лекари специјалисти во својата област, со кои имаме одлична соработка, додадоа од делчевскиот Црвен крст.

Од Општинската организација на Црвениот крст најавија дека вакви и слични активности ќе бидат организирани и во наредниот период. вс/рп/

Back to top button
Close
Close