Дописници МКДОпштински вести

Во Делчево промовиран романот „Патот до себе“ од роднокрајниот автор Душко Ивановски

Романот „Патот до себе“ од роднокрајниот автор Душко Ивановски е промовиран вечерва во Делчево.

Делчево, 19 август 2022 (МИА) – Романот „Патот до себе“ од роднокрајниот автор Душко Ивановски е промовиран вечерва во Делчево.

Биљана Петровска, директор на Јавната локална библиотека „Илинден“ која ја организираше промоцијата, истакна дека задоволство е што роднокрајното одделенеие на библиотеката е побогато за уште еден наслов.

– Романот „Патот кон себе“ е прво издадено дело на авторот кој умешно склопува приказна, дава јасна слика за едно време преживеано, доживеано, создавајќи пријатно четиво, кое лесно го примаат сите наши сетила. И како што се вели во самата рецензија, авторот низ оваа негово дело ни нуди ракопис забавен за читање и лесен за разбирање. Од име на ЈЛБ „Илинден“ на Душко му посакуваме многу успех со оваа негова книга, и му посакуваме уште многу промоции и уште многу нови книги и нови услови, рече Петровска.

Приказната на „Патот до себе“ започува пред Втората светска војна во делчевското село Вртиславци, каде што е роден авторот и како што додаде рецензентот Ленче Стоименова, Ивановски го води читателот низ емоции и преживувања на ликовите, откривајки ја нивната свесност за сопствените слабости, и му дава можност на читателот да се надмине самиот себе си.

Душко Ивановски основно и средно образование завршува во Делчево, а потоа се запишува на студии во Скопје. Моментално живее и работи во Лондон и работи на вториот дел од оваа книга. „Патот до себе“ веќе ја има во ЈЛБ „Илинден“ и е достапна до читателската публика од Делчево. вс/рп/

 

Таг
Back to top button
Close
Close